ОЈО Скопје побара притвор за лице кое фалсификувало исправи

По примена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дека – Фалсификување исправа од член 378 и – Изработување и набавување оружја и средства наменети за извршување кривично дело од член 395 од Кривичниот законик.

Осомничениот откако набавил предмети, соодветна опрема, за кои знаел дека се наменети за извршување кривично дело, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – фалсификување исправа.

Во периодот од 2012 до 2017 година осомничениот изработувал разни јавни исправи со невистинита содржина, и тоа лични карти, возачки дозволи, свидетелства за завршено средно образование, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, медицинска документација и слично. Исправите ги изработувал на лажни обрасци, како да се издадени и заверени со печат и потпис од државни и јавни институции од државата.

„Целта била фалсификуваните јавни исправи натаму да се користат од страна на наши државјани и странци како вистинити во правниот промет во Република Македонија и во странство“, соопшти ОЈО Скопје.

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе