Охрид полн за Нова година, блеска со раскош и убавина

Новогодишните празници го наполнија најголемиот туристички центар во земјава. Блеснат со сета своја убавина, Охрид подготвено ги дочека гостите од земјава и странство.

Покрај домашните посетители најчести се туристите од соседството, кои одлучиле најлудата ноќ да ја поминат на охриско-струшката ривиеара.

Зголемена раздвиженоста се бележи во чаршијата, на градскиот кеј, но најмногу низ улиците.

Покрај дочекот во кафулињата, рестораните и хотелите, организиран пречек на Новата Година ќе има и на градскиот плоштад со настапи на Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и диџеите Багзи и Јана Slayy.

Новогодишната програма ќе почне денеска напладне со настап на хорот при КУД „Гердан“, а од 13 до 15 часот ќе има новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“. Новогодишната програма ќе продолжи утре точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“, како и изведба на проектот „И повторно Евергрин“, со Лидија Кочоска, Влатко Груевски и Андреа Наунов.

Градоначалникот Кирил Пецаков вети весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид и ги покани сите да бидат дел од новогодишната забава во градот.

Во соседна Струга, пак, организиран дочек на најлудата ноќ нема да има, но градот блеска со светилки и новогодишни реквизити низ центарот, чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. И таму раздвиженоста е голема, пред се поради враќањето на печалбарите, кои новогодишните празници ќе ги поминат во родното огниште.

Помалите сместувачки капацитети, станови и апартмани се целосно исполнети, додека хотелите, оние што работат, останаа полупразни. 

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе