Охриѓанец истрча од Попова Шапка до Титов Врв и назад за два часа и 19 минути

Дејан Ангелоски од Охрид за два часа 19 минути и 36 секунди успеа да истрча од Попова Шапка до Титов Врв и назад и да биде победник на вчерашната трка во скајранинг – екстремна форма на планинско трчање.  Второ место го освои Александар Кирковски од Скопје со време од два часа 40 минути и 45 секунди, а третиот Никола Илиевски со време од 2:44:20. Првакот Ангеловски со овој резултат го сруши сопствениот рекорд од 2020 кој изнесуваше два часа и 39 минути.

Во женска конкуренција победи Елена Ртоска од Прилеп со време од три  часа 6 минути и 51 секунда, што, исто така претставува рекорд.  Сања Најдовски со три часа 25 минути беше втора, додека Снежана Џуриќ со три часа 33 минути и 47 секунди трета. Ртоска во 2020 го имала рекордот од три часа и 43 минути

Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје и Федерацијата на планинарски спортови беа организатори на оваа трета по ред трка за скајранинг – екстремна форма на планинско трчање.

Трката почна на Попова Шапка кај манастирскиот комплекс на 1750 метри надморска височина преку Церипашина, до врвот Антени 2500 метри, врвот Бакардан и на крај Титов Врв.

-Карактеристика на патеката се 20 километри должина вкупно во два правца и 2000 метри денивелација искачување и спуштање.  Не мора да се трча цело време, дури и првите не трчаат цело време.  Пример Церипашина е многу стрмен успон и мора да се премине на брзо одење. Но времињата кои се постигнуваат се прилично сериозни и импресивно во планинарските кругови. Во летни услови на еден просечно подготвен планинар до Титов Врв му требаат и да отиде и да се врати околу 9 часа, велат од ПК „Македон“.

Учесниците на ваква трка треба да имаат големо планинарско искуство, специјална опрема со себе како што е јакна против ветер, фолија за заштита од студ, соодветна количина течности, храна и друго.

– Попатно има две освежителни точки една е на Антени на 2500 мнв, а втората е под Титов Врв. Таму секој натпреварувач има на располагање по половина литар течност и грицки, додека останатото сам го носи. На Титов Врв има контролор кој го регистрира нивното доаѓање и се враќаат назад и финишираат кај манастирскиот комплекс. Самото стартно бројче има чип се времето и се отчитува на финишот, објаснуваат од планинарскиот комплекс „Македон“.

Во соработка со Федерацијата на планинарски спортови, која е полноправен член на Светската скајранинг федерација, оваа трка претставуваше и државно првенство на С Македонија во скајранинг за 2021 година. Во 2019 година македонска репрезентација во скајранинг првпат настапи на европско првенство во Италија, а оваа година целта е настап на светското првенство кое ќе се одржи во месец јули на Пиринеите во Шпанија.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе