СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во возило Audi во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода и бил пренесен во Општата болница во Охрид.