Дуелот меѓу Оклахома и Кливленд беше сè само не дерби, како што се очекуваше, бидејќи западниот Сити го размонтира ривалот од Источната конференција победувајчи го со 134:114, со што му се оддолжи за неодамнешниот пораз.
Иако без помошта на водечката центарска двојка Чет Холмгрен и Ајзеа Хартенстин, Тандер како од шега го полнеа кошот на нивниот должник од пред осум дена, а гостите од Кливленд уште повеќе им ја олеснија работата со неверојатните 21 загубена топка.
Колку овој пат еден лидер беше подобар од другиот говори и податокот дека во еден момент Оклахома имаше предност од дури 42 поена, па конечната негатива на Кавалирс е поднослива колку што можеше да биде - во ритамот на Шеј Гилџс Александер.
What a game 😄 pic.twitter.com/LLyVU7thU5
— OKC THUNDER (@okcthunder) January 17, 2025
Асот на Оклахома постигна 40 поени (17/26 од поле), плус 8 асистенции, а Канаѓанецот седеше на клупата цела четврта четвртина. Лугенц Дорт додаде 22 поена (6/9 за три), Џејлен Вилијамс помогна со 19, Ајзеа Џо собра 12...
Извесен период Кливленд во живот го држеше исклучиво Дариус Гарланд, чиј конечен учинок беше 20 поени и 9 асистенции. Џерет Ален не промаши ниту еден шут (13), а имаше и 7 скокови, но и тоа беше премалку.
Од домашните тимови, ноќеска се „омрси“ само Сакраменто Кингс, кој го совлада Хјустон Рокитс на крилата на ДеМар ДеРозан (33 поени), Малик Монк (26) и Литванецот Доимантас сабонис со неговиот дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови. Кај гостите најефикасен поединец беше Џејлен Грин со 28 поени, а Турчинот Алперен Шенѓун имаше дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови.
Резултати:
Детроит Пистонс - Индијана Пејсерс 100:111
Вашингтон Визардс - Феникс Санс 123:130
Оклахома Сити Хантер - Кливленд Кавалирс 134:114
Сакраменто Кингс - Хјустон Рокитс 132:127
Портланд Треил Блејзерс - Лос Анџелес Клиперс 89:118
Табела: