Околу 1,8 милиони патници лани патувале преку двата македонски аеродрома

„Преку аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2016 година патувале 1.8 милиони патници“, соопштуваат од „ТАВ Македонија“, сумирајќи ги податоците за авиосообраќајот за изминатата година.

„Вкупно 1.794.376 патници патуваa преку двата македонски аеродрома во 2016 година, што е зголемување од 15 проценти споредено со 2015 година, кога имавме 1.560.381 патници. Истовремено, бројот на операции порасна за 8,9 отсто, достигнувајќи вкупно 16.883 летови. Задоволни сме што успеавме да постигнеме двоцифрено зголемување на бројот на патници на годишно ниво, кое е повисоко од просекот на ЕУ и од просекот во регионот. И во 2017 година ќе продолжиме во таа насока, фокусирајќи ги нашите главни цели на проширување на мрежата на линии од аеродромите во Скопје и во Охрид, соработувајќи со Владата, со сите засегнати институции надлежни за воздухопловство и со авиокомпаниите“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според податоците за патничкиот сообраќај, Истанбул (со двата аеродрома „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“) е најфреквентната дестинација од Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје во 2016, со 12,6% пазарен удел, потоа следат Цирих со 10,2%, Виена – 6,3%, Базел – 5%, Малме – 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот.

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 54,8% пазарен удел, а потоа следат Turkish Airlines, Austrian Airlines, Germania Flug, Pegasus Airlines и Edelweiss.

Најфреквентниот ден на скопскиот аеродром во 2016 година е 12 август, кога преку скопскиот аеродром патувале 5.641 патници, додека вкупниот број на движења на воздухоплови беше 50, а потоа и 21 јули кога вкупно 5.604 патници беа превезени за еден ден со вкупно 51 движење на воздухоплови.

Карго-сообраќајот на аеродромот во Скопје има значителен пораст од 10,9% во 2016 година, со вкупно 3.090 тони превезени авионски пратки. Ова зголемување главно се должи на зголемениот извоз на стоки, но исто така и на популаризацијата на индивидуалните нарачки преку интернет превезени преку воздушен пат.

Изминатата 2016 година беше многу успешна година за зголемување на сообраќајот на аеродромот во Охрид, каде што бројот на патници порасна извонредни 39,2% на годишно ниво, поради што Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI) во неколку последователни квартали го прогласи „Св. Апостол Павле“ за аеродром со најбрз раст во својата категорија.

Покрај значајниот пораст на сообраќајот на годишно ниво, минатата година ќе биде забележана како успешна за „ТАВ Македонија“ и поради добиената ASQ награда (Airport Service Quality), односно наградата за квалитет на аеродромски услуги доделена на аеродромот во Скопје по трет

пат во изминативе 5 години, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI). Аеродромот во Скопје беше прогласен за најдобар аеродром во Европа во однос на квалитетот на аеродромските услуги, во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе