Околу 40.000 дози од AstraZeneca пристигнуваат денес, утре 100.000 од Sinopharm

Околу 40 илјади дози од вакцината AstraZeneca обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески Sinopharm кои се донација од кинеската Армија.

Од новите дози на AstraZeneca, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани над 70 години кои дополнително се пријавиле за вакцинација. Приоритет, како што денеска изјави министерот за здравство Венко Филипче, ќе им се даде на нив, а младите ќе причекаат за вакцинација.

– Продолжуваме да ставаме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот од 30 април кога беа пријавени вкупно околу 140 илјади граѓани. Сега се вкупно околу 160 илјади граѓани. Околу девет илјади од овие дополнително пријавените, се граѓани над 70 години и со нивниот опфат околу 42 проценти од вкупно население над 70 години ќе бидат вакциирани, изјави Филипче.

Според него, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.

Останува на ставот дека до утре или најдоцна до понеделник ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани за вакцинација.

Во однос на реакциите од граѓани кои уште на почетокот се пријавиле за вакцинација, а сè уште не се викнати, Филипче појасни дека во некои општини се викнати и помлади граѓани затоа што таму била исцрпена листата за вакцинирање на повозрасните граѓани.

– Тука е таа дискрапанца. Но, на почетокот на оваа недела одлучивме дека таа граница ќе биде 40 години и оние помлади од 40 години нешто повеќе ќе почекаат. Акцент ставаме на постарите, рече Филипче. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе