Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Макфакс
/ 20.01.2025 / 08:38

Околу 70 милиони Американци долж источниот брег на САД се под предупредување за зимско невреме издадено од Националната метеоролошка служба, а прогнозата предвидува до 15 сантиметри снег на повеќето места.

Нова Англија е под предупредување за навлегување на арктичкиот воздух, како и делови од Масачусетс, Њу Хемпшир, Мејн и Конектикат, каде се прогнозира дека снежната покривка ќе достигне 25 сантиметри, пренесе AP.

Марк Ченард, метеоролог од Националната метеоролошка служба рече дека дури 70 милиони жители ќе бидат под некаков вид предупредување за зимско невреме во наредните денови, вклучително и Нова Англија и Средниот Атлантик.

Во Вашингтон се предвидува студено време во понеделник, поради што церемонијата на инаугурација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде преместена во затворен простор, во американскиот Капитол.

„Во понеделник ќе биде студен ден во Вашингтон, тоа е сигурно“, рече Ченард, кој рече дека градот се прогнозира да има минимална температура од -7 степени Целзиусови, со удари на ветер од 48 километри на час.

Во големите градови како Филаделфија, Њујорк и Бостон може да паднат до 10 сантиметри снег во текот на ноќта, а најобилните врнежи се очекуваат надвор од градовите.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, ги повика жителите на градот да се возат со метро и автобуси доколку мораат да патуваат за време на невремето, за да им олеснат на екипите да ги расчистат улиците.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Портпаролот на Путин: Западот нѐ принуди во војна, имаме еден услов за преговори

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Read more

Свет

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Read more

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Read more

Измерено ниво на радијација откако руски дрон удри во куполата над Чернобил

Read more

Трамп: Денеска се среќаваме со Русите во Минхен, поканети се и Украинците

Read more
 

Вести

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Читај повеќе

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Читај повеќе

Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Читај повеќе

Левица: Државниот грб им пречи само на неоврховистите и необалистите

Читај повеќе

Таравари: Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20%

Читај повеќе

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Читај повеќе

Казни за 809 возачи, 232 за брзо возење, поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на годинава

Читај повеќе