Околу 80 проценти од 80.000 заболени од корона вирусот во светот се целосно излекувани

Властите во Кина објавија за 327 нови случаи на заразени со новиот корона вирус во изминатите 24 часа, како и за 44 лица починати. Така, вкупниот број заразени лица достигна 78.824 и починати – 2.788 лица, соопшти денеска Државниот комитет за здравство на Кина.

Новите случаи на Covid-19 во Кина се 100 помалку од претходниот ден.

Според властите, 36.117 лица биле целосно опоравени и пуштени од болница додека 39.919 лица остануваат во болниците. Состојбата на 7.952 од нив е исклучително тешка.

Прв случај на заразен со Covid-19 е регистриран во Белорусија и на Нов Зеланд. За прв случај соопштија и властите во Литванија.

Германија ја затвора времено Амбасадата во Јужна Кореја каде се регистрирани над 2.200 заразени со новиот корона вирус.

Нигериските власти денеска соопштија за потврден случај на заболен од новиот корона вирус, прв во субсахарска Африка.

Корона вирусот првпат се појави во Вухан, Кина, на 12 декември 2019 година. По брзото ширење на болеста, големиот број жртви и заразени, Светската здравствена организација (СЗО) на 30 јануари прогласи „меѓународна вонредна состојба“.

Болеста се пренесува преку респираторните патишта (кивање и кашлање), но и преку допир со нечисти раце. Лекувањето е симптоматски, во зависност од манифестациите на болеста. Клиничката слика варира од лесна настинка до потешка форма, во зависност од зафаќањето на белите дробови.

Ризик за најлош исход има кај постари, хроинично болни луѓе или лица со претходни заболувања на белите дробови.

Околу 80 проценти од 80.000 заболени во светот се целосно излекувани, кај 15 отсто има некои компликации, а кај пет проценти има сериозни компликации. Смртноста е близу 2%.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе