Октоберфест: Пивото никогаш поскапо, посетители значително помалку

Откако две години по ред не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, најголемиот пивски фестивал во светот конечно се реактивираше во Минхен.

Ова 187. издание на најважниот пивски фестивал во светот свечено беше отворено на 17 септември со забивање на чешма во буре, традијација која се негува со децении.

Според проценките, првиот викенд и покрај лошото време го посетиле над 700 илјади посетители од целиот свет. Сепак, тоа е значително помалку од милион луѓе колку што беше посетата на истиот ден во 2019 година, пред пандемијата.

Баварците, но и туристите кои можат да си дозволат, на Theresienwiese воглавцно доаѓаат во работни денови кога гужвата е помала и кога може и без резервација да се најде место под монтираните шатори во кои се собираат неверојатни 118 илјади луѓе.

Повеќето се облекуваат во традиционална носија - дирндл, ледерхосен и карирана кошула.

Доколку сакате оригинален фустан, кој е изработен од најфини материјали, треба да издвоите над 500 евра. Меѓутоа, постојкат и поевтини варијанти кои ги купуваат туристите, па така дирндл може да се најде дури и за само 30-ина евра.

Инфлацијата годинава се одразува и на цените на пивата, па така една кригла која содржи литар од златната течност чини помеѓу 13 и 14 евра. На Октоберфест не може да се нарача мало пиво, секој шатор нуди исклучиво Mass bier, однбосно пиво од литарски кригли, што е и вистински заштитен знак на Октоберфест.

Исто толку чинат и колбасиците или пилешкото, додека за традиционална коленица ќе треба да издвоите околу 20-22 евра. Вкусните переци се околу 6 евра, а водата е 4 евра. Од годинава на менито може да се најде и понуда за вегетаријанци и вегани.

Ролер костери, панорамско тркало и кули за слободен пад се додатни содржини за кои после неколку пива се одлучуваат и оние кои всушност имаат страв од висина. За уживање во адреналин или поглед од високо ќе треба да издвоите од 5 до 15 евра.

Секоја година за време на траењето на фестивалот се запослуваат над 12 илјади луѓе, а за 16-те дена колку што трае можат да се заработат и над 10 илијади евра.

Вработените се брзи, спретни и љубезни, а на келнерите им се потребни само 1,5 секунди за кригла да наполнат со пиво. Неретко ќе видите келнерки кои низ гужвата се пробиваат носејќи в раце 6 или 8 кригли полни со пиво.

Криглите се многу привлечен сувенир, но обезбедувањето внимава да не се изнесуваат од Theresienwiese, како и полицијата и обезбедувањето во U-ban транспортот кои доколку приметат дека некој носи кригла имаат должност истата да ја одземат. Сепак, секоја година се крадат кригли или луѓе се фаќани во обид на кражба, а такви случаи годишно има околу 120 илјади.

Пивото кое посебно се подготвува за Октоберфест е појако и содржи помеѓу 6% и 7% алкохол, а за време на фсетивалот се продаваат околу 7 милиони литри. Строгите правила на Октоберфест велат дека на фестивалот може да се послужуваат само пива од 6 минхенски пиварници и тоа Spaten, Paulaner, Augustiner, Hacker-Pschorr, Hofbräuhaus и Löwenbrä.

Пивото се троши многу брзо, а последиците од тоа се 600 до 800 луѓе секоја година имаат труење со алкохол. Затоа во склоп на фестивалот задолжително има медицински шатор, каде персоналот има полни раце работа, а за време на Wiesn (како што се нарекува периодот на Октоберфест) медицинска помош бараат по околу илјада луѓе.

Интересно е што на јужната страна од Theresienwiese се наоѓа многу посебен дел: Oide Wiesn. Можете да седнете во некои од историските возења со рингишпил, а потоа во удобен пивски шатор да доживеете вистински баварски адети и да видите како некогаш бил Октоберфест.

Овој обичај започнал како свадбарско славје и бил начин за на сиромашните луѓе да им се дозволи прослава по повод венчавката на баварскиот крал Лудвиг и принцезата Тереза во 1810 година. Подоцна прераснал во Октоберфест каков што го знаеме денес, а интересно е што и големи историски имиња работеле на овој фестивал. Алберт Ајнштајн бил еден од нив, кој помагал во поставувањето на еден пивски шатор во 1896 година.

За пристап до Oide Wiesn треба да платите влезница од 4 евра по човек (над 15 години). По 21 часот влезот е бесплатен.

Последната пијачка на Октоберфест се служи околу 23 часот, така што до полноќ посетителите мораат да ја напуштат Theresienwiese, а поголемиот дел користат со јавен превоз со кој одлично е поврзан целиот град. Иако на самиот Октоберфест каде се собираат десетици илјади луѓе нема никаква ограничувања поврзани со пандемијата, во јавниот превоз маските се задолжителни.

Октоберфест само неколку пати во историјата бил откажуван, воглавно поради војни, но и поради колера и коронавирус. Проценките велат дека само од пиво се заработува над 100 милиони евра. Овогодинешниот Октоберфест, кој судејќи според првата недела е значително помалку посетен, свечено се затвора в понеделник, на 3 октомври.

Фото: Klix

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе