Октоподи - неверојатни суштества
Октоподите важат за едни од најмистериозните и најневеројатните суштества кои живеат на нашава планета. Толку многу работи ги разликуваат од сите останати живи организми што дури и делуваат дека се со вонземно потекло, во што и многумина теоретичари на заговори веруваат.
Сите октоподи се отровни, но најголемиот дел имал многу слаб отров, па не се опасни по луѓето. Но, постои еден и тоа многу мал вид кој со својот отров може одеднаж да убие 30-ина луѓе.