Кошарка

Ол стар: Богдановиќ доаѓа од Србија и шутира од Србија!

17. февруари 2018 - 16:27 | А.С.

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше ѕвездата на натпреварот Shooting Stars во Лос Анџелес, а американските коментатори имаа материјал за нивното шоу.

Тимот на светот ги декласира САД во мечот со кој беше отворен Ол стар, а за MVP играч на натпреварот беше прогласен токму српскиот репрезентативец.

Тимот на светот славеше со резултат од 155:124, а Богдановиќ како резерва помина 21 минута на терен. За тоа време постигна 26 поени (9-16 од игра, 7-13 за тројка), со четири скока, 6 асистенции и една украдена топка.

Богдан во еден момент шутираше тројки 4-4, а четвртата беше од далечина од повеќе од 10 метри.

Неговата фантастична игра не остана без коментари.

„Богдановииииииќ.... доаѓа од Србија и шутира од Србија!“, не остана рамнодушен едниот од коментаторите.

„Богдановиќ е луд“, додаде другиот.

По незаборавниот натпревар, Богдановиќ покажа дека не заборава од каде потекнува и на прес-конференцијата при изборот за прво прашање ја прекина програмата и се јави за збор.

„Може ли јас прво нешто да прашам? Може? Океј... има ли некој од Србија тука?“, праша српскиот репрезентативец.

Бидејќи во салата немаше српски новинари, Американците го презедоа микрофонот и го прашаа какво е чувството да се игра во првиот Ол стар во кариерата.

„Како што кажав и претходно, на секој натпревар му пристапувам на ист начин. И претходно ме прашаа какви ми се подготовките за натпреварот, за Ол стар. Одговорив дека е исто како и секогаш. Се трудам да се натпреварувам и да се прикажам во најдобро светло. Токму тоа се случи и денеска. Шутирав и добро се чувствував“, одговори Богдан.

Потоа следеше прашањето како е да се игра против Де’Арон Фокс, со кого во Сакраменто секојдневно тренира и игра на истата страна.

„Му реков дека ќе погодувам и против него. Требаше да се обложам, но... Ете, не се обложивме. Заштеди некоја пара. Секако, беше одлично да се игра против него. Имаме многу добар тимски дух на паркетот и надвор од него. Ќе гледаме таа добра атмосфера да ја пренесеме и на играта на Сакраменто Кингс.“

Коментирај