Синоќешните реванш натпревари ги дадоа трите од последните 6 учесници во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампиони.
Киевски Динамо со убедливо 3:0 славеше над белгиски Гент и со вкупни 5:1 избори пласман во фазата по групи. Украинците конечно се вратија во елитата после пауза од 3 сезони бидејќи цело време губеа во квалификациите.
Грчкиот шампион Олимпијакос одигра без голови на гостувањето кај кипарска Омонија, но бидејќи победи со 2:0 во Пиреја успеа по јубилеен 20-ти пат да игра во фазата по групи.
Унгарскиот првак Ференцварош конечно после 24 години успеа по втор пат во својата историја да влезе во групите. Унгарците одграа 3:3 во првиот натпревар во Норвешка против Молде, а синоќа со 0:0 во Будимпешта поради правилото за гол на гости се радуваа на големиот успех.
Остануваат уште три слободни места кои ќе се пополнат со вечерашните натпревари кои почнуваат од 21 часот:
Мидтјиланд (Данска) - Славија (Чешка) 0:0 прв натпревар
ПАОК (Грција) - Краснодар (Русија) 1:2 прв натпревар
Салцбург (Австрија) - Макаби Тел-Авив (Израел) 2:1 прв натпревар