летни олимписки игри париз 2024

Олимпијци се разболеа по пливањето во Сена, организаторите на ЛОИ во проблеми

Тренингот во Сена за пливање на отворени води е откажан денеска бидејќи водата била несоодветна за пливање, објавија организаторите на Олимписките игри во Париз.

Ова е петти откажан тренинг од почетокот на Олимписките игри, откако првите четири беа за триатлон, поради што триатлонот кај мажите беше одложен за еден ден.

Одложено е и запознавањето на патеката за пливање.

„По дневниот ситуационен состанок утринава помеѓу Ville de Paris, Paris 2024 и World Aquatics, одлучено е воведот закажан за денес, 6 август 2024 година, да се одложи“, се вели во соопштението на World Aquatics.

Не беше наведена причина за одложувањето, но се вели дека повеќе информации ќе бидат достапни подоцна во вторник. Состанокот на лидерите на тимовите и брифингот на тренерите ќе продолжат според планираното. За да можат спортистите да пливаат во реката, организаторите внимателно следат две нивоа на фекална бактерија: E. Coli и ентерококус.

Француските власти потрошија 1,4 милијарди евра за надградба на канализациониот систем во главниот град, ветувајќи дека реката ќе биде доволно чиста за жителите да пливаат до следното лето. Во четврток и петок се закажани пливачки маратонски трки за жени и мажи.

Неодамна се појави информација дека белгиската атлетичарка Клер Мишел завршила во болница. Таа е заразена со бактерија E. coli, која предизвикува проблеми со желудникот и цревата. Причина за болеста може да биде и загадената Сена. На истите проблеми се пожалија уште неколку спортисти во Париз. Меѓу нив е и швајцарскиот триатлонец Адриен Брифорд, кој пливаше во реката.

Норвешкиот триатлонец Ветле Бергсвик Торн се разболел 24 часа по пливањето во реката Сена: „Го мислиме она што го мислат сите, дека тоа е поради пливањето во реката, но не знаеме. Можеби е од реката, можеби е од пилешкото. Лекарот остава можност да се работи за труење со храна“.

Тагови
реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Останати спортови

Феноменалниот Домен Превц ја освои новогодишната турнеја Четири скокалници

Read more

ИОК категоричен: Русите на ЗОИ без знаме дури и да склучат мир со Украина

Read more

Што спорт ќе се гледа на новогодишната ноќ и на 1 јануари?

Read more

Домен Превц убедливо победи во Оберсдорф

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе