летни олимписки игри париз 2024

Олимпискиот дух ја победи политиката: Селфи за историја на Северна и Јужна Кореја

Вчера, на церемонијата на доделување на медалите во пинг-понг, видовме сцена која го обиколи светот и даде надеж за подобра иднина кога се во прашање односите меѓу Јужна и Северна Кореја.

Јужна и Северна Кореја се во војна, која технички трае веќе 74 години, со оглед на тоа што во 1953 година само беше потпишано примирје, но никогаш и мировен договор, а односите меѓу владите на двете земји се многу напнати.

Згора на тоа, неодамна нивните односи се влошија до тој степен што организаторите на Олимписките игри во Париз стравуваа од средбата на спортистите од двете земји. Но, она што се случи на доделувањето на медалите во мешани двојки го воодушеви целиот свет.

Северна Кореја го освои второто место зад Кина, додека натпреварувачите од Јужна Кореја освоија бронза.

Најпрво бронзените медали ги добија Шин Ју-бин и Лим Џонг-хун, а пред да ги добијат сребрените медали натпреварувачите од Северна Кореја направија голем гест.

Ри Јонг Сик и Ким Кум Јонг се симнаа од подиумот и лично им честитаа на своите соседи за медалите, што го воодушеви спортскиот свет.

По церемонијата, Јужнокорејецот Лим направи историско селфи со своите соседи од Северна Кореја, покажувајќи уште еднаш дека „обичните“ луѓе не ги следат слепо политичарите и дека се уште има шанси за помирување и подобра иднина на Корејскиот Полуостров.

Сите се надеваат дека никој од натпреварувачите нема да има непријатности во својата земја поради овој гест, а тоа особено се однесува на Ри и Ким од Северна Кореја.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Read more

Останати спортови

Снукерот ќе стане олимписки спорт?

Read more

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Read more

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Read more

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе