Останати спортови
ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Олимпискиот стадион во Токио ќе биде отворен на 21 декември

1. декември 2019 - 10:06 | МИА

Токио, 1 декември 2019 (МИА) – Осум месеци пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, завршена е изградбата на олимпискиот стадион во јапонската престолнина, а отворањњто е закажано за 21 декември.

Стадионот во Токио има 60.000 седишта, а неговата изградба која заврши вчера, чинеше 1,4 милијарди долари. На овој стадион ќе се одржат церемониите на свеченото отворање и  затворање на игрите следната година, а ќе има и фудбалски натпревари и натпреварувањата во атлетика.

Новиот објект е изграден на истото место на кое беше стариот олимписки стадион во Токио, направен за Олимписките игри во 1964 година. Бидејќи на лето во Токио е многу топло, има 185 големи вентилатори и осум распрскувачи на вода.

Коментирај