Олмо: Ја одбив Хрватска и не ми е жал

Макфакс/Кајгана
/ 14.03.2025 / 10:40

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо проговори за времето поминато во Динамо, како и за можноста што ја имал да добие хрватско државјанство.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска му понуди шанса на Олмо да игра за националниот тим во 2017 година.

Олмо на крајот одби и играше за Динамо 5 и пол сезони, до 2020 година кога беше продаден во Лајпциг за 34 милиони евра.

„Играв за Динамо и во 2017 година ме повикаа во Хрватскиот фудбалски сојуз. Ми понудија државјанство и можност да играм за Хрватска. Сакаа да играм за нив на Светското првенство во 2018 година. Понудата на Хрватска во тој момент ми нудеше поголема сигурност за мојата иднина“, рече играчот на Барселона и дополни.

„Бев многу среќен кога видов дека Хрватска стигна до финалето на Светското првенство 2018 година, но во ниту еден момент не зажалив што ја одбив поканата на Хрватска, ниту помислив дека сум направил погрешен избор. Во тоа време играв за шпанската младинска репрезентација и мојата желба беше да играм за сениорите“.

Олмо има одлични резултати со шпанската репрезентација.

Прво го освои Европското првенство до 21 година со младинската репрезентација, потоа го освои златото на Олимписките игри, а минатото лето со сениорите стана европски првак. А, пак, во 2023 ја освои и Лигата на нации на УЕФА откако во финалето неговата Шпанија ја совлада токму Хрватска, на пенали.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе