Омиленото парче облека на Џенифер Анистон од 90-тите повторно е во мода

Побарувачката за овој модел скокна за неверојатни 350% минатата недела, а по Супербоул станаа вистински хит. Сега е совршено време да ги додадете во вашиот гардеробер како клучно модно парче за комбинирање.

Раперот Кендрик Ламар неодамна настапи на 59-тиот Супербоул и ги „запали“ социјалните мрежи – не само со својот спектакуларен настап, туку и со модниот детаљ што привлече огромно внимание: фармерките кои веќе следниот ден беа распродадени.

Станува збор за фармерки со трапезен крој, моделот Celine Flared Surf Jeans in Summer Dazed Wash Denim, чија цена изнесува 13.000 долари. Овој ретро модел од 90-тите сега доживува голем камбек на модната сцена.

Фармерките со bootcut крој беа симбол на 90-тите и неизоставен дел од стилот на Џенифер Анистон, позната по улогата во серијата Friends. Таа остана верна на овој модел дури и кога другите стилови беа популарни. Но, благодарение на Супербоул и Ламар – овие фармерки повторно се вратија во нашите гардеробери како задолжителен моден избор.

Она што ги прави овие фармерки толку посебни е нивната способност да ја истакнат линијата на колковите и бутовите, додека суптилно се шират под колената. Овој дизајн визуелно ги издолжува нозете и додава елегантна леснотија на секој аутфит.

Токму поради оваа уникатна комбинација на стил и удобност, фармерките со bootcut крој повторно се во центарот на вниманието. Модните експерти веќе ги прогласија за must-have парче за оваа сезона, пишува Who What Wear.

Според податоците од модната платформа LTK, само минатата недела пребарувањата за овие фармерки скокнале за неверојатни 350%.

Ако сте љубител на ретро стилот или едноставно сакате да бидете во чекор со најновите трендови, сега е вистинскиот момент да го пронајдете вашиот совршен пар.

Remote video URL
реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Стил

Деми Мур е најубава во светот за 2025 година

Read more

Како да комбинирате обувки со леопард дезен како модна икона?

Read more

Модни совети: Како да носите сако како парижанка оваа пролет?

Read more
Како да ја пеглате косата без да ја оштетите?

Како да ја пеглате косата без да ја оштетите?

Read more
 

Магазин

Деми Мур е најубава во светот за 2025 година

Читај повеќе

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Читај повеќе

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Читај повеќе

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата?

Читај повеќе

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Читај повеќе
  • play_arrow

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Читај повеќе

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе