Она кога ќе заборавиш да облечеш панталони додека известуваш во живо
И додека повеќето луѓе се во карантин и работат од дома, може да се опуштат колку толку во домашни услови, за разлика од оние кои секој ден заминуваат на работа. Но, кога на репортер ќе му се случи да заборави да облече пантолони додека зборува во живо, не е баш пријатно.
Барем не на гледачите. Репортерот Вил Рив од ABC News се појави токму така, без панталони во Good Morning America, зборувајќи за фармации кои користат дронови за достава на лекови. Во еден момент може да се забележи дека иако Вил носи палто, не носи пантолони, но најсмешниот дел од ова е што тој е сосема несвесен за фактот дека тоа е видливо за гледачите.