Преносот во живо може да биде ризичен, особено ако работите од дома. Секогаш некој може ненадејно да се појави, да ве прекине во работата и да предизвика смешна ситуација. За ова особено станувате свесни ако имате мали деца или домашни миленици, кои се непредвидливи.

Но, затоа пак, публиката секогаш ужива во вакви вонредни ситуации, а социјалните мрежи со позитивни коментари. Во една таква ситуација се најде филипинската новинарка Дорис Бигорнија. Нејзините две мачки Бела и Нала имаа малку поинаква идеја за текот на интервјуто.
Видеото со новинарката која се обидува да остане сериозна додека гледа како нејзините две мачки си „играат“ стана хит на социјалните мрежи.