OnePlus го претстави смартфонот OnePlus 10T, познати и цените

Компанијата OnePlus го претстави својот нов паметен телефон, OnePlus 10T, кој е достапен и за клиентите во Европа.

OnePlus ја промени својата стратегија оваа година и во втората половина го претстави својот нов модел без ознаката Pro. Иако отфрли некои карактеристики за да биде цената пониска, OnePlus 10T всушност го надминува 10 Pro во одредени аспекти.

Што се однесува до екранот, сè уште има 6,7-инчен OLED панел со резолуција од 1.080 x 2.312 пиксели и стапка на освежување од 120 Hz, но тоа е стандарден OLED екран во споредба со понапредниот LTPO2 што го има моделот Pro.

Сепак, OnePlus 10T се напојува со понов процесор Snapdragon 8+ Gen 1 поврзан со 8, 12 или 16 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија UFS 3.1 (во зависност од пазарот).

Смартфонот има и нов 3D Cooling System, кој всушност е најголемата испарувачка комора која е дел од моделот на OnePlus.

За да ги намали трошоците, OnePlus ја намали камерата во споредба со 10 Pro. Напредната ултра широка камера и 3x телефото камерата се заменети со неимпресивна ултраширока камера од 8 MP и макро камера од 2 MP. Добрата вест е дека главниот Sony IMX766 сензор е пренесен од 10 Pro со отвор на бленда f/1.8 и оптичка стабилизација.

Напред се наоѓа селфи камера од 16 MP (f/2.4).

Уредот се напојува со батерија од 4.800 mAh која поддржува полнење од 150W SuperVOOC.

OnePlus 10T ќе биде достапен во Moonstone Black и Jade Green нијанси. Во Европа веќе се прифаќаат однапред нарачки, а испораките се очекуваат од 25 август. Основниот модел со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чини 699, додека верзијата со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 799 евра.

Remote video URL
Тагови
реклама

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Мобилни

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Read more

Колку би можело да чини iPhone 15?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Apple подготвува промена за iPhone 15 Pro од која многумина стравуваат

Read more
 

Гик

  • filter

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Читај повеќе

Ватикан ѝ врати на Грција делови од Партенон стари повеќе од 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Electric Dream - графиката никогаш не изгледала толку реално

Читај повеќе

Нови изуми носат нови ветришта: Ќе можеме ли да ја одложиме смртта со помош на технологијата?

Читај повеќе

Бил Гејтс загрижен за вештачката интелигенција

Читај повеќе

Руска компанија претстави конкурент на ChatGPT

Читај повеќе

Sparky е првото ВИ роботско куче со мускулно-скелетни екстремитети

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромен астероид денеска ќе помине многу блиску до Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе