OnePlus се подготвува за лансирање на својот прв телефон на преклопување, а тоа на Twitter го навести коосновачот на оваа компанија, Пит Лау.

Лау објави фотографии од шарката на Twitter, навестувајќи го развојот на уредот на преклопување, но не го откри името или други детали. Samsung моментално води во категоријата на паметни мобилни телефони на преклопување, Xiaomi неодамна го претстави Mix Fold 2, Moto Razr 2022 пристигна во Кина, а сестринската компанија на OnePlus, Oppo, го претстави преклопниот Find N на крајот на минатата година и е во подготовка на уште два такви уреди.
Споменатиот Лау ги објави фотографиите на Twitter прашувајќи „што мислите дека е ова?“ Иако нема официјални информации, овој уред се очекува наскоро и ќе го користи оперативниот систем Android 13.
Се шпекулира дека новиот модел ќе има некои сличности со моделот Oppo Find N кој пристигна во декември 2021 година. Тој уред има екран од 7,1 инчи со брзина на освежување од 120 Hz, како и надворешен OLED екран од 5,49 инчи. Се напојува со процесорот Snapdragon 888 на Qualcomm и е поврзан со до 12 GB RAM и до 512 GB внатрешна меморија. Има три камери на задната страна, главниот Sony IMX766 сензор од 50, ултра широка камера од 16 и телефото камера од 13 MP. На надворешниот и внатрешниот екран има селфи камери од 32 MP. Уредот се напојува со батерија од 4.500 mAh со поддршка за жично полнење од 33 W SuperVOOC.
Samsung моментално е доминантен на пазарот на уреди на преклопување, минатата недела ги претстави Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4, но нови уреди со сличен дизајн претставуваат и Huawei, Motorola и Xiaomi.