Онколог: Престанете да правите 5 работи ако сакате да го намалите ризикот од рак на дебелото црево

Рак на дебелото црево е третата најчеста форма на рак во светот, а во раните фази често е тешко да се препознае бидејќи симптомите, како што се дијареа, абдоминална болка или анемија, може да се помешаат со нешто безопасно.

Во последно време се забележува зголемување на дијагнозите кај помладите, иако причините се уште не се целосно јасни.

Она што е познато е дека раното откривање е клучно за успешно лекување. Затоа, онкологот д-р Урсина Тејтелбаум го истакна она што никогаш не би го направила кога станува збор за здравјето на цревата.

Никогаш не би ја игнорирала семејната медицинска историја

Еден од најсилните фактори на ризик за развој на рак на дебелото црево е семејната историја. Според Американското здружение за рак, дури една третина од луѓето на кои им е дијагностицирана оваа болест имаат членови на блиското семејство кои исто така ја имале оваа болест. Важно е да се прашаат родителите, браќата, сестрите и другите роднини дали во семејството имало случаи на рак на дебелото црево, бидејќи ако некој од блиските роднини ја имал болеста, лекарите најверојатно ќе советуваат порано и почести прегледи.

„Здравјето на вашите црева зависи од вашите гени“, вели д-р Тејтелбаум за HuffPost.

Никогаш не би пропуштила или одложувала колоноскопии и прегледи

Иако ракот на дебелото црево останува релативно редок кај помладите возрасни лица, во последниве години има загрижувачки пораст на случаите. Ова е причината зошто редовните колоноскопии се особено важни за луѓето со воспалителни болести на цревата, како што се Кронова болест или улцеративен колитис, но дури и оние без симптоми или семејна историја на болеста може да развијат овој облик на рак.

„Без разлика колку здрав начин на живот водите, на одредена возраст едноставно мора да се тестирате“, вели д-р Тејтелбаум.

Никогаш не би ги игнорирала симптомите кои изгледаат чудни или необични

Многу млади луѓе не ги поврзуваат промените во варењето со сериозни болести, а лекарите понекогаш не ги препознаваат веднаш, што доведува до задоцнети дијагнози. Важно е да внимавате на сопственото тело - ако вашето редовно варење е променето, ако чувствувате болки во стомакот, забележувате крв во столицата, дијареа, необјаснет замор или анемија, клучно е да се консултирате со лекар. Д-р Тејтелбаум нагласува: „Ако сте навистина загрижени, мора да бидете упорни“.

Никогаш не би ја потценила важноста на здрав начин на живот

Иако сè уште не се познати сите причини за рак на дебелото црево, повеќе од половина од случаите се поврзани со фактори на кои можеме да влијаеме. Пушењето, консумирањето алкохол и седентарен начин на живот го зголемуваат ризикот, додека исхраната богата со зеленчук, овошје и цели зрна ја намалува веројатноста за развој на болеста. Храната како црвеното месо и индустриски преработената храна се поврзани со поголем ризик.

„Не постои совршен предиктор за ракот, но здравиот начин на живот може да помогне да се спречи тоа“, вели д-р Тејтелбаум.

Никогаш не би избегнала разговор за столицата

Иако за многумина е непријатно, зборувањето за столицата може да биде клучно за идентификување на проблемот. Промените како крвава или екстремно тенка столица може да бидат единствениот знак дека нешто не е во ред. Тешко е да се знае што е нормално ако не се зборува за тоа.

„Вашата столица е огледало на вашето здравје, а зборувањето за тоа може да ви го спаси животот“, заклучи д-р Тејтелбаум.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Здравје

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Read more

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Read more

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Read more

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе