Британскиот регулатор за комуникации (Ofcom) го казни OnlyFans со 1,05 милиони фунти (1,26 милиони евра) поради неточни информации за преземените мерки за проверка на возраста на корисниците.

OnlyFans е платформа позната по тоа што нуди сексуално експлицитни материјали. Сопственикот на платформата Fenix тврдеше дека користела таканаречена технологија за проценка на возраста на лицето, која била поставена да ги означува сите што изгледаат дека да се под 23 години, јавува BBC.
Сепак, подоцна беше откриено дека технологијата всушност била поставена да го означува секој што изгледа помлад од 20 години. Ова доведе до истрага од Ofcom, која заклучи дека Fenix ја прекршил својата законска должност да дава точни информации, што доведе до парична казна.
„Добивањето точни и целосни информации е од суштинско значење за Ofcom да ја заврши својата работа како регулатор и да разбере и следи како функционираат платформите. Ќе ги држиме платформите според високи стандарди и нема да се двоумиме да преземеме мерки каде што ќе најдеме недостатоци“, рече Сузан Катер, директорка за спроведување на Ofcom.
Приходите од казната - која беше намалена за 30% бидејќи Fenix ја прифати - ќе бидат проследени до Државната каса.
„OnlyFans ја препознава важноста од обезбедување на точни и навремени информации на Ofcom. Го поздравуваме завршувањето на овој процес и претходната одлука на Ofcom да ја затвори истрагата за нашите мерки за проверка на возраста“,велат од платформата OnlyFans.