не може да постигне

OnlyFans ѕвезда се „продаде“ на вештачка интелигенција

Ѕвезда на платформата OnlyFans открива дека го продала својот „лик“ на вештачка интелигенција за да си ослободи време и да биде во тек со безбројните барања од обожавателите.

Клои Амур од Лас Вегас со години настапува во индустријата за забава за возрасни на платформата OnlyFans. Сепак, следењето на барањата на обожавателите и постојаното ангажирање со нив, додека одржува успешна кариера во овој сектор од индустријата, набрзо стана голем предизвик.

Таа за Daily Mail изјави дека не може секогаш и во секое време да ги задоволи барањата на своите обожаватели, па решила да имплементира иновативно решение.

Клои (33) создаде виртуелно алтер его, со помош на вештачка интелигенција, кое за неа комуницира со публиката кога распоредот ќе ѝ „згусне“.

„Кога разговарам директно со моите обожаватели, понекогаш има работи за кои сакаат да разговараат со мене, или има работи што ги сакаат од мене што можеби не можам да им ги дадам. Но, преку вештачката интелигенција, тие имаат ист лик на располагање, и на некој начин можам да бидам каква што тие сакаат да бидам“, вели OnlyFans ѕвездата.

Клои одлучила да создаде верзија со вештачка интелигенција од себе откако идејата ѝ била предложена од компанија која ѝ платила за нејзините фотографии, видеа и лични податоци.

Сепак, Клои вели дека вештачката интелигенција понекогаш и изгледа „страшна и чудна“, но добрите страни во голема мера ги надминуваат сите недостатоци и таа може да управува со своето време и да го отстрани притисокот од нејзината работа.

реклама

Вести

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Read more

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Read more

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Read more

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе