УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Оној црнион таму - реченица која прекина натпревар од ЛШ

Прекинот синоќа во Париз беше предизвикан од судија. Не судија нападнат од фудбалери, туку поради судија кој поради избор на зборови ненамерно навреди црномурен фудбалер.

Само 14 минути се играше фудбал синоќа на „Парк де Пренс“ стадионот во Париз каде копјата ги вкрстија ПСЖ и Башакшехир од Истанбул. Во таа минута настана мешаница по што фудбалерите си заминаа во соблекувалните.

Што се случи?

Минута пред прекинот Преснел Кимпембе го фаулираше Фредрик Губрансен, а фаулот предизвика реакција од гостинската клупа. Во обид четвртиот судија Себастијан Костантин Колтеску да му разјасни на главниот судија Овидиу Алин Хацеган кој дофрлал од гостинската клупа му рекол „Оној црниот таму“, зборови кои гостите ги слушнале.

Зборовите биле наменети за Пјер Вебо, поранешен камерунски напаѓач, а сега помошник тренер. Најжестоко реагираше Демба Ба кој за својата реакција доби и црвен картон.

Гостите обвинуваат и дека судијата не ни рекол 'црнец' туку дека рекол 'негро', збор што е навистина навредлив.

Remote video URL

„Никогаш не велиш 'оној белец' туку велиш 'оној човек'. Зошто кога треба да вмешаш црнец потенцираш 'оној црнион'?“, се објаснуваше Ба со Колтеску.

Remote video URL
Натпреварот се игра денес

Првично имаше најави дека натпреварот ќе продолжи синоќа во 22 часот, а четвртиот судија ќе биде заменет со еден од судиите во ВАР собата. Но, до такво нешто не дојде.

УЕФА донесе одлука натпреварот да се игра денеска од 19 часот продолжувајќи од моментиот на прекин, односно од 14. минута.

Remote video URL

Затоа, пак, УЕФА направи комплетна промена на судиите. Романската четвртка е испратена дома, а дополнително ќе следува истрага да се утврди дали имало или немало расизам од страна на судиите.

Натпреварот вечерва ќе го судат мешани судии: главен ќе биде Дани Макели од Холандија, ќе му помагаат неговиот сонародник Марио Дикс и Марцин Боњек од Полска, четврти ќе биде Бартош Франковски од Полска, а во ВАР собата ќе седат Марко Ди Бело и Маурицио Маријани од Италија.

ПСЖ веќе има обезбедено осминафинале, но со победа ќе заврши прв го групата, додека Башакшехир нема шанси да го избрегне последното место.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Фудбал

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Read more

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Read more

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Read more

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе