Опаѓа бројот на заразени во Скопје, двајца кумановци повторно позитивни на COVID-19

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Вкупната бројка на позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашните 132 новозаразени, се искачи на 6.209. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.484. Во текот на претходното деноноќие од COVID-19 починаа 12 лица, со што бројот на оние кои ја изгубија битката со болеста сега е 298.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст од 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во болницата во Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, која е потврдена позитивна.

Двајца вработени во кумановската болница, повторно позитивни на COVID-19, откако претходно на почетокот на пандемијата го прележале заболувањето.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во Скопје досега биле дијагностицирани на коронавирусот 3.006 лица, а активни се 1.986, од кои најмногу во општина Чаир околу 420, потоа следуваат Аеродром, Бутел, Гази Баба, Сарај, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, каде што бројот се движи од 100 до 150 заразени.

– Бројот на заразени во градот Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во други градови, во околината на Тетово и на Гостивар, во Штип не многу, но сè уште има, како и во Ресен и Битола. И тоа сè уште ја одржува бројката на заразени нешто повисока. Факторот на преносливост, во последните денови, е под единица и многу е битно така да опстане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Мора сите да сфатат дека само така ќе се извлечеме од оваа криза, изјави министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, кој е нов КОВИД центар.

Тој вчера соопшти дека Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани. Од Комисијата е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Филипче истакна дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, картите ќе се продаваат електрионски за да не се прават редици и метеж и задолжително ќе се носат заштитни маски.

Во однос на градинките министерот Филипче рече дека тие нема да се отворат во скоро време, поради порастот на бројот на заболени.

Тој потенцира дека одлука да се направи скрининг на вработените била донесена во период кога состојбата со коронавирусот дозволувала да се размислува за отворање на градинките.

В среда, на 1 јули, се отвораат двата аеродрома, во Скопје и во Охрид.

Патниците ќе мора да дојдат три часа пред летот, зашто проверките поради заштитните мерки се малку подзабавени. Лицата треба да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите

Грција утре отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција.

Во однос на нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премини.

Во монтажната болница што се наоѓа до Инфективната клиника до среда или четврток треба да биде поставен системот за кислородна поддршка, донација од компанијата која го обезбедува со кислород целиот клинички центар.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе предаде донација од Соединетите американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во вредност од 35.000 американски долари, како поддршка за намалување на ширењето на COVID-19.

Како што информираат од ЈОРСМ, во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет, јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце.

Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија додели донација со дезинфекциски средства во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Општа болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против COVID-19.

Кај населението во земјава се бележи зголемен страв од можноста за зараза со коронавирусот. Се намалува скептицизмот на луѓето за опасноста и заканите од вирусот, а влошената ситуација со епидемијата ја намалила поддршката на граѓаните за власта во однос на справувањето со неа, покажаа податоците од истражувањето „Gallup International Association спроведено во 19 земји низ целиот свет, меѓу кои и нашата.

Влошената ситуација, со зголемениот број на новозаразени, за само неколку месеци драстично го намалила бројот на скептиците кои на почетокот на кризата веруваа дека заканата од вирусот е претерана, од 73 отсто во март на 44 отсто во јуни, оставајќи ја јавноста поларизирана околу идејата дека до крајот на годината животот во земјата би се вратил полека во нормала (46 отсто). 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе