Oпаѓа посетеноста во Охрид и туристичките населби на Охридското Езеро

Одложувањето на почетокот на училишната година и убавото време ја продолжија сезоната на охридското крајбрежје, но посетеноста на градот и околните места забележително опаѓа.

Изминатиот викенд во градот имаше солидна посетеност, оние што можеа го споија викендот со неработниот ден по повод националниот празник, но веќе сега градот ја добива онаа своја слика, карактеристична за деновите надвор од главната летна туристичка сезона.

Раздвиженоста е значително помала, посетеноста на угостителските објекти исто така намалена, а се помалку луѓе има и по плажите, иако временските услови се мошне поволни за овој период од годината.

Температурата на воздухот изнесува до 30 степени што е идеално и карактеристично за Охрид како град на голема надморска височина, а температурата на водата во езерото е некаде 22 степена Целзиусови, освежувачка и пријатна за капење и рекреација.

Иако ова лето речиси и немаше странски гости сепак посетеноста на Охрид и туристичките населби на крајбрежјето, особено за викендите, беше задоволувачка, во одредени денови и поголема од капацитетите за сместување. Новата реалност наметната со епидемијата на коронавирусот значеше промена во профилот гости во Охрид, туристи со поинакви навики, очекувања, можности. Тоа се почувствува кај стопанствениците, особено оние од угостителскиот сектор, но таква е реалноста на која туристичките субјекти и угостителските стопанственици ќе мора да се прилагодат, барем до отворањето на границите и повторното враќање на странските гости.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе