Опасниот BRATA Android малвер се шири низ Европа

Малверот BRATA за Androd доби нови функции, очигледно со цел нападите врз банкарските апликации да бидат поневидливи.

„Неговиот modus operandi сега се вклопува во шаблонот на активностите за Advanced Persistent Threat (APT)“, се вели во извештајот на италијанската компанија за сајбер безбедност Cleafy.

Овој термин се користи за да се опише кампања за напад во која криминалците воспоставуваат долгорочно присуство на целна мрежа за да украдат чувствителни информации.

BRATA е акроним за „ Brazilian Remote Access Tool Android“. Малверот првпат беше откриен во Бразил на крајот на 2018 година, за да се појави во Европа минатиот април, маскиран како антивирусен софтвер и други апликации кои служеа како мамка за жртвите.

Промената на шемата на напади, која достигна нови највисоки нивоа на почетокот на април 2022 година, вклучува прилагодување на малициозниот софтвер за напад на одредена финансиска институција и префрлање на друга банка само откако ќе почнат да се применуваат контрамерки против заканата.

Новите функции му овозможуваат на малициозниот софтвер да имитира страница за најава на банка за да собира акредитиви, да пристапува до СМС пораки и да вчита злонамерен код од втората фаза („unrar.jar“) од далечински сервер за да снима настани на компромитиран уред.

„Комбинацијата на фишинг-страница со можност за примање и читање текстуални пораки на жртвите може да се искористи за напад на целосно враќање на сметките“, велат истражувачите.

Дополнително, Cleafy вели дека пронашол примерок од малверот („SMSAppSicura.apk“) кој ја користи истата командна и контролна инфраструктура (C2) како и BRATA за извлекување СМС пораки, што покажува дека напаѓачите тестираат различни методи за да го прошират својот дофат.

Оваа апликација за кражба на СМС моментално конкретно ги таргетира корисниците во ОК, Италија и Шпанија, а целта на малициозниот софтвер е да ги пресретне и филтрира сите дојдовни пораки поврзани со еднократните лозинки испратени од банките.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе