Опозицијата победи на изборите во Гренланд

Макфакс
/ 12.03.2025 / 08:33

Опозициската партија Демокраацит победи на парламентарните избори во Гренланд, кои беа будно следени ширум светот поради постојаната желба на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот.

Партијата Демокраацит, која се залага за постепен пристап кон независноста на Гренланд од Данска, обезбеди 29,9% од гласовите, што е голем скок од 9,1% што ги освои на изборите во 2021 година.

Вториот најдобар резултат го постигна друга опозициска партија, Налерак, која освои 24,5% од гласовите. Таа се залага за најбрз можен процес за стекнување независност и одвојување на Гренланд од Данска.

Трета на изборите заврши партијата Инуит Атакацигиит на досегашниот премиер Муци Инекуналук Ееде со освоени 21,62% од гласовите.

Инацисатутот на Гренланд, односно парламентот, брои 31 пратеник, а според резултатите 10 пратеници ќе има Демокраацит, 8 ќе има Налерак, 7 Инуит Атакацигиит, 4 социјалдемократската Сиумут на Ерик Јенсен, а само 2 пратеника освои Атасут на Акалу Јеримиасен која се залага за останување на Гренланд во унија со Данска, соработка со НАТО и влез во ЕУ.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Доналд Трамп вети дека ќе го направи Гренланд дел од Соединетите Држави, велејќи дека тоа е од клучно значење за американските безбедносни интереси.

Но, на идејата се спротивставува мнозинството од 57.000 жители на Гренланд, кои се наоѓаат во средината на геополитичката трка за превласт на Арктикот, каде што брзото топење на мразот ги прави нивните ресурси подостапни и отвора нови бродски рути.

„Луѓето сакаат промени… Сакаме повеќе работни места за да ја финансираме нашата благосостојба“, рече Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократит и поранешен министер за индустрија и минерали.

„Ние не сакаме независност утре, сакаме добри темели“, додаде Нилсен пред новинарите.

Сега ќе разговара со другите партии за да се обиде да формира владејачка коалиција.

Тагови
реклама

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more

Нови докази го поместуваат потеклото на Македонското Кралство во 575 година п.н.е.

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Како новиот електричен Citroën ќе чини само 7.990 евра?

Read more

Свет

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

Read more

Трилатерални разговори во Емиратите: Украина, Русија и САД на маса

Read more

Кои се земјите што влегоа во Одборот за мир на Трамп?

Read more

Зеленски: Мировниот план е речиси готов

Read more
 

Вести

Млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници ќе настапуваат во Македонската филхармонија овој февруари

Читај повеќе

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

Читај повеќе

Трилатерални разговори во Емиратите: Украина, Русија и САД на маса

Читај повеќе

Кои се земјите што влегоа во Одборот за мир на Трамп?

Читај повеќе

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

Читај повеќе

Отруено бебе во Србија: По грешка наместо вода во шишето имало бензин

Читај повеќе

Зеленски: Мировниот план е речиси готов

Читај повеќе

Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Читај повеќе

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Читај повеќе