Oppo ја покажа „невидливата“ камера скриена под екранот

Производители на смартфони во последните години го бараат идеалното решение со кое ќе можат да искористат максимум од просторот и ќе имаат што поголем екран, без да ја скратат неговата функционалност со вметнување на селфи камера на предниот дел. Изгледа дека Oppo најде начин кој претставува одговор на овој проблем.

Решението на Oppo е прилично едноставно – невидлива камера која е скриена под дисплејот. Така, екранот на смартфонот ќе го зафаќа целиот преден дел.

Кинеската технолошка компанија прикажа како ќе изгледа нејзината најнова иновација. Во видеото објавено на Twitter можеме да видиме дека новиот телефон на Oppo нема никакви пресеци, дупки и останати механизми за сместување на селфи камерата. Екранот има можност за прикажување на непрекината слика од раб до раб, а камерата е сместена под него.

„За оние кои бараат совршено доживување на екранот, подгответе се да бидете воодушевени. Имате прилика први да ја видите нашата нова технологија за селфи камера“, пишуваат од Oppo.

Минатиот месец технолошкиот експерт Бен Гескин прв најави дека Oppo ќе претстави смартфон со скриена камера и како што се покажа, неговите предвидувања се остварија.

Уште не е познато кога ќе пристигне на пазарот смартфонот со оваа нова технологија, но од Oppo најавуваат дека нивните љубители нема да чекаат многу долго.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе