Општина Центар донесе одлука да ги згрижи децата со церебрална парализа до изградба на новото училиште

Децата со церебрална парализа од Дневниот центар, до изградбата на новото основно училиште „Капиштец“ ќе бидат сместени во објектот на урбаната заедница „Славе Георгиевски – Шнајдерот“, кој е во сопственост на општина Центар.

„Просторот е со површина од 250 м2, ќе биде целосно реконструиран, опремен и адаптиран за престој на овие лица. По изградбата на училиштето, тие добиваат на користење 300 м2 во новото училиште, со најсовремени услови и ќе имаат посебен влез во училиштето“, се наведува во информацијата на Општина Центар.

Оваа одлука, по предлог на градоначалникот Жерновски,  ја донесоа едногласно советниците во општина Центар на вчерашната седница.

Новиот простор кој ќе го користат наредните две години е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата кои се движат со помагала и ќе има соодветно адаптирани тоалети.

За жал, рекоа родителите,  во оваа држава немале сите разбирање за специфичните потреби на лицата со попреченост, на кои треба да им се дадат сите можности да ги уживаат правата и обврските кои се дел од едно хумано општество.

„Многу од тие врати пред нас останаа затворени. Дали овие тешки врати некогаш ќе се отворат за нас и дали ќе покажат малку повеќе почит и грижа за оние кои не знаат да се бунтуваат, туку само чекаат и молат. Децата и лицата со попреченост не се само статистички податок, тие се личности со име и презиме и имаат право на живот. Ние сме како водата, таа секогаш оди само напред и не се врти назад за да види кој пие од неа. Пречите ги пробива или мудро ги заобиколува. Ниеден камен не ѝ е дораснат“, рече еден од родителите на Здружението на деца заболени од церебрална парализа.

Претставници на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа присуствуваа на седницата на Советот на општина Центар и беа задоволни од одлуката и од разбирањето на општината за потребите на нивните деца.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе