Општина Центар ги сопре градежните активности на кејот на Вардар

Овластен градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, излезе на терен за да ја констатира фактичката состојба со почетокот на градењето на улицата на кејот на Вардар, со решение на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, издадено на 31 декември, 2016 година.

Овластениот градежен инспектор издаде решение за стопирање на сите градежни активности на кејот.

На градилиштето, како што пропишува законот, нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи, соопштуваат од општина Центар.

Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да биде јавно истакната на градилиштето.

На ова градилиште недостасува и елаборат за околчување на теренот од овластена геодетска фирма, лиценци за инженер за изведба, надзорен инженер и елаборат за заштита при работа.

Затоа, овластениот градежен инспектор на општина Центар ја издаде наредбата за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар, додаваат од општината. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе