Општина Центар на 110 новороденчиња им додели по 7.000 денари

110 решенија на барателите за остварување на правото за користење парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари Општина Центар ја доделува редовно во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите што се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

На семејствата, Герасимовски, покрај решенијата, им подели пригодни подароци од компаниите „Хип“, „Геопром“, „Европа лек фарма“ и „Веледа“, како и бесплатни педијатриски услуги од клиниката „Жан Митрев“.

„Дечињата се наша најголема радост. Приновата во семејството значи нова среќа, нов мотив да работиме и остваруваме повеќе за нивна подобра иднина. Затоа наша задача е да направиме поубаво и подобро општество за сите нови генерации во општината. Мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство“, изјави Герасимовски на доделувањето на решенијата.

За добивање парична помош за новороденче, според правилникот, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матичната книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Со оваа активност Општина Центар покажува грижа за најмладите жители бидејќи децата се најголемата радост за секое семејство, велат од таму. Додаваат дека Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите, кои претставуваат најголема радост за секое семејство.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Македонија

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Read more

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Read more

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Read more

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе