Општина Центар одлучи наместо улица на Кеј да има зеленило, клупи и чешми

Наместо сервисна улица на кејот на реката Вардар, преку која требаше да биде обезбеден пристап до објектот на Телеком, советниците на Општина Центар на вонредна седница со 12 гласа „за“ решија таму да биде поставено зеленило, клупи, чешми и жардинјери со дрвја кои би имале функција на дрвореди.

„Ние водиме сметка за интересите на граѓаните и убедени сме дека најголемиот дел од нив се против уништување на шеталиштето на кеј. Одобрението за изградба на оваа улица е издадено од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во сабота, на 31 декември, денот на дочекот на новата 2017 година, а пред два дена, во сабота, инвеститорот почна со изведување на градежните работи без никаква документација за изградба на ова градилиште. Битката ќе ја водиме до крај, со сите законски можни механизми. Ги повикувам граѓаните да ни се придружат, за да не го изгубиме шеталиште на кеј“, рече Жерновски.

Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, кажа дека Советот за одлуката на Коце Трајановски дознал во петокот и затоа е свикана вонредна седница.

На прашањето зошто за четири години ДУП-от „Мал Ринг“ не е изменет, Жерновски одговори дека конзерваторите две и пол години не ги даваат потребните дозволи за да се носи нов ДУП.

Ова, рече тој, се прави сега поради претстојните избори, новата влада и да се задоволи оној кој сето ова го платил. Досега, Законот за градење претрпел 25 измени, а Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2014 година е променет 4 пати само за да се одземат ингеренциите на општина Центар. 

реклама

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе