Македонија

Општина Центар: Отстранети стари и болни дрвја на „Максим Горки“, ќе бидат заменети со нови

15. ноември 2019 - 11:28 | МИА

Скопје, 15 ноември 2019 (МИА) – ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера и денеска изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“.

Од Општината информираат дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.

- Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

Коментирај