Општина Центар преку електронски Анкетен прашалник ги повикува граѓаните да даваат предлози

Општина Центар на располагање става електронски Анкетен прашалник преку кој ги вклучува граѓаните во креирање на Буџетот за 2025 година. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повикува граѓаните да даваат предлози за потребите во нивните маала.

„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2025 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, појаснува Герасимовски.

Електронскиот анкетен прашалник на граѓаните им дава можност да предлагаат проекти од областа на образованието, социјална, детска и здравствена заштита, културата, спортот и рекреацијата, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи и реконструкција и санација на училиштата.

Тоа значи дека Општина Центар овозможува директно учество во подготовка на програмите за работа на буџетот за следната 2025 година.

Анкетниот прашалник е поставен на веб-страницата на Општината и преку него граѓаните може да наведат проекти кои сметаат дека ќе донесат бенефит за жителите.

Општина Центар продолжува да ги повикува сите граѓани подеднакво да учествуваат во креирањето на локалните политики.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Македонија

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Read more

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Read more

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе