Орбан: Ќе осамне ново утро за Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Макфакс
/ 17.01.2025 / 10:01

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „на Западот ќе му раздени ново утро“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта, а „горчливите, тешките, болните и неуспешни четири години“ на демократската администрација ќе завршат.

Орбан рече дека демократската администрација започнала „лошо“ затоа што „ја украле претседателската функција на Доналд Трамп“.

„Да не беше нивната измама во 2020 година, Трамп ќе останеше претседател, а војната меѓу Украина и Русија немаше да се случи“, рече Орбан, пренесе MTI.

Премиерот посочи дека демократските администрации секогаш се разликуваат од републичките, бидејќи, според него, основата на републиканците е национална, додека демократите се „глобалисти“ кои ги наметнуваат своите интереси преку глобалните организации.

Орбан изјави дека демократите „ги ставаат економските интереси пред политиката и имаат силни намери да го направат светот подобро место“.

„Така има поплава од миграции и хаос и тие не се двоумат да ја искористат војната за да ги постигнат своите цели, како што направија во војната меѓу Русија и Украина“, рече Орбан.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе