Орбан: Планот на Трамп за мир во Украина е добро разработен

Макфакс
/ 16.07.2024 / 11:30

Ако победи на претседателските избори во САД во ноември, Доналд Трамп брзо ќе побара мировни преговори меѓу Русија и Украина, тврди унгарскиот премиер Виктор Орбан, по приватните разговори со републиканскиот кандидат, пренесува Financial Times.

Во приватно писмо до лидерите на Европската Унија по посетата на Киев, Москва и Пекинг, Орбан изјави дека тоа значи дека во случај на победа на Трамп, „ЕУ треба повторно да отвори директна дипломатска комуникација со Русија и да започне преговори на високо ниво со Кина, со цел да се најде мирно решение за војната во Украина“.

Орбан, исто така, во писмото вели дека врз основа на неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „општ впечаток“ е „дека интензитетот на воениот конфликт радикално ќе ескалира во блиска иднина.

Financial Times го виде писмото на Орбан до лидерите на ЕУ, но кабинетот на унгарскиот премиер одби да коментира. Тимот на кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар.

Патувањата и средбите на Орбан со Путин, Си и Трамп во изминатите две недели, откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија, ги шокираа сојузниците во ЕУ и НАТО.

Многумина стравуваат дека поддршката на Орбан за мировно решение додека Русија сè уште контролира огромни области во Источна Украина е во корист на Кремљ и ја поткопува решеноста на Западот да го поддржи територијалниот интегритет на Киев.

„Не можеме да очекуваме никаква мировна иницијатива од Трамп до изборите. Сепак, можам со сигурност да кажам дека набрзо по изборната победа, тој нема да ја чека својата инаугурација, туку веднаш ќе биде подготвен да дејствува како мировен посредник“, напиша Орбан во неговото писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и до другите лидери на ЕУ. „За тоа има детални и издржани планови“, се наведува.

Тоа значи дека ЕУ треба да предвиди промена на американската политика, рече Орбан, и или да ја прифати потребата од итни преговори меѓу Русија и Украина или да преземе поголема одговорност за финансирање на украинската одбрана.

„Повеќе од убеден сум дека во веројатниот исход од победата на претседателот Трамп, односот на финансискиот товар меѓу САД и ЕУ значително ќе се промени на штета на ЕУ кога станува збор за финансиската поддршка за Украина“, напиша Орбан во писмо до лидерите на ЕУ.

Унгарскиот премиер долго време ѝ противречи на политиката на ЕУ, критикувајќи ги западните санкции против Москва и воената поддршка за Украина, а во исто време бараше прекин на огнот и мировни преговори.

Тоа е спротивно на заедничкиот став на ЕУ и САД дека треба да помогне во одбраната на Украина и дека само Киев може да одлучи кога да ги почне преговорите со Русија.

„Нашата европска стратегија во име на трансатлантското единство ја копираше провоената политика на САД“, напиша Орбан и покрај тоа што војната почна со одлуката на рускиот претседател, Владимир Путин.

„До сега немавме суверена и независна европска стратегија или политички акционен план. Предлагам дискусија дали продолжувањето на оваа политика е рационално во иднина“, се вели во писмото на Орбан.

Тој им рече на лидерите на ЕУ: „Можеме да најдеме можност со силна морална и рационална основа да почнеме ново поглавје во нашата политика“…[и] да бараме да ги намалиме тензиите и/или да создадеме услови за привремен прекин на огнот и/или почеток на мировни разговори“.

реклама

Свет

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Read more

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Read more

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Read more

Boeing постигна спогодба со семејствата на жртвите од падот на 737 MAX

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе