Орбан: Војната во Украина може да стане Авганистан за ЕУ

МАКФАКС
/ 15.02.2025 / 12:40

Војната во Украина може да стане „Авганистан на Европската Унија“, а официјален Киев погрешно ги разбрал намерите на Западот и порано или подоцна ќе остане без поддршка, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за американскиот водител на Fox News, Такер Карлсон во Дубаи.

Според него, војната во Украина е исцрпувачки, скап и безнадежен ангажман.

Орбан потсети дека ЕУ инвестирала стотици милијарди евра за да ѝ помогне на Украина да се спротивстави на руската инвазија.

„Доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да најде решение, оваа војна лесно може да стане „Авганистан“ за Европската Унија“, рече Орбан.

Сепак, според предвидувањето на унгарскиот премиер, војната во Украина ќе заврши за половина година, а можеби и порано.

„Војна до недоглед. Тоа е бескраен конфликт без излез кој троши енергија, човечки животи, пари, сè. Тоа ја уништува рамката на нормалниот живот на Европската Унија. Ние сме во сериозна опасност“, заклучи Орбан, повторувајќи го официјалниот став на Кремљ дека Русија ја нападнала Украина за да ја спречи да влезе во НАТО.

реклама

Свет

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Read more

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе