Орце Камчев дојде сам на „Рекет“, неговата сопруга била болна

Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште треба да сведочи бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе медицинска документација за да го оправда денешното отсуство.

Во судница од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни. Јавната обвинителка Вилма Русковска во воведен говор на судското рочиште рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓани на оваа држава.

Обвинителството, рече Русковска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

Првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 во Судот кажа дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зашто е цел на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“. Второобвинетата Јанева, пак, рече дека не се чувствува виновна и дека е горда на СЈО и тимот што го водела четири години.

Случајот „Рекет“, во кој Камчев бара отштета од еден и пол милион евра, за што Русковска рече дека во случајов не може да има оштетени, туку за сведоци, го отвори Јавното обвинителство по пријава на премиерот Зоран Заев.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во рамките на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори нова истрага, која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно е донесена наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе