Организаторите на Нобелова награда се откажаа од традиционалната церемонија во Стокхолм

Овогодишните добитници на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и економија нема да патуваат во Стокхолм за првпат од 1944 година за да ги примат наградите, поради епидемијата на новиот коронавирус, соопштија организаторите.

Наместо свеченост во главниот град на Шведска, добитниците ќе ги примат медалите и дипломите во државите во кои живеат, се вели во соопштението на Нобеловата фондација.

Наградите традиционално се доделуваат на 10 декември, денот на смртта на шведскиот индустријалец Алфред Нобел, кој ја основа наградата. На тој ден, шведската телевизија ќе емитува емисија во која ќе биде прикажано доделувањето на наградите од оваа година во различни делови на светот, објави Нобеловата фондација.

Норвешкиот комитет за Нобелова награда, кој ја организира Нобеловата награда за мир во норвешката престолнина Осло, објави дека церемонијата нема да се одржи во Градското собрание поради пандемијата туку во универзитетската сала каде што веќе беа доделени наградите од 1947 до 1989 година.

Ќе има ограничен број луѓе на церемонијата во Осло, а банкетот, што традиционално се одржува по доделувањето на Нобеловата награда за мир, е откажан.

Добитниците на Нобелова награда се објавуваат во октомври, а церемониите традиционално се одржуваат на 10 декември во Стокхолм и Осло.

реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

Свет

Илјадници луѓе бегаат од пожарот во Калифорнија, огнот брзо се шири

Read more

Украина по втор пат за една недела нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Read more

Трамп: Си никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина

Read more

Најмалку 19 загинати во израелски напади во Либан

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Илјадници луѓе бегаат од пожарот во Калифорнија, огнот брзо се шири

Читај повеќе

Уапсен 16-годишник: Крадел во џамии во Тетово

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Читај повеќе

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина по втор пат за една недела нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Си никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина

Читај повеќе

Најмалку 19 загинати во израелски напади во Либан

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од Центар, Кисела Вода и Карпош

Читај повеќе

Неколку населби во Ѓорче Петров денеска ќе бидат без вода

Читај повеќе