Организаторите на УС Опен ги кршат правилата поради Коко Гоф

Њујорк, 18 јули 2019 (МИА) – Организаторите на Отвореното првенство на САД се подготвени да ги прекршат правилата, откако ќе ја поканат за учество во турнирот 15-годишната локална тенисерка Кори „Коко“ Гоф. Тинејџерката направи сензација на Вимблдон, откако ја отстрани сонародничката Венус Вилијамс, Словенката Полона Херцог, Словачката Магдалена Рибарикова и уште три тенисерки во квалификациите.

Согласно правилата, УС Опен не може да обезбеди „вајлд карта“, бидејќи за 15-годишната тенисерка следуваат само три покани за учество, а таа веќе ги искористила. Портпаролот на американската тениска асоцијација (УСTA) Крис Видмаер сепак потврди пред New York Post дека за Гоф ќе биде направен исклучок.

– Ние се надеваме дека ќе ка видиме Коко во главната шема на УС Опен. Таа ги освои срцата на навивачите во нашата земја со настапот на Вимблдон. Не толку често се зборува за младите спортистки, истакна Видмаер.

Женската тениска асоцијација (ВTA) во исто време потврди дека нема да протестира против одлуката на УСTA да ги заобиколи правилата.

УС Опен стартува на 26 август.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе