Орландо Блум ги изненади присутните во Alma Pub во Виндзор, кога одеднаш одлучи да го земе микрофонот и да запее.

Славниот актер во пабот дошол во лежерно издание и одлучил да ги почести присутните со изведба на ирската песна „She Moved Through the Fair“ во негова верзија. Ненадејното шоу се случило ноќта по полноќ во петокот, кога Ирците го славеа големиот празник Свети Патрик.
Неговата изведба изненади многумина, а снимката брзо се прошири низ социјалните мрежи. Воедно, може да се забележи дека глумецот и не е многу талентиран за пеење, има прилично рапав глас.
Блум во родната Англија дошол поради смртта на Крег Мекавој, другар на неговиот татко, кој му бил како втор татко.
„Најискрено, не зборува Guinness-от, Орландо Блум штотуку почна да пее ирски песни во пабот во кој што се наоѓам“, твитна Крис Старт, радио-водител од Capital FM, кој бил во истиот паб.
Неговата изведба изненади многу твитерџии, кои сепак го пофалија неговиот настап.
„Опа, па ова е многу добро“, „Ова видео ми го разубави денот“, „Многу малку луѓе можат ова да го испеат“, „Многу добро, мора да признаам“, се некоиу од коментарите.