Секој што гаи идеалистички идеи би требало да го посети Градот на зората, чија цел е да оствари единство и да ги надмине сите поделби во општеството.

На југот на Индија, во државата Тамил Наду, се наоѓа експериментален град-држава по име Оровил. Она по што е специфичен е тоа што животот таму е посветен на одржлив живот, мир, хармонија и духовност - и тоа уште од 1968 година кога го основала Мира Афаса. Денес популарно ја нарекуваат едноставно Мајка, а нејзината порака гласи:
„Оровил сака да биде универзален град во кој мажите и жените од сите земји можат да живеат во мир и прогресивна хармонија, над сите вери, сите политики и сите националности. Целта на Оровил е на оствари човечко единство“.

Името Оровил (Auroville) доаѓа од францускиот јазик и значи Град на зората. На француски aurore (орор) значи зора, додека ville (вил) значи село/град.
Оровил се наоѓа на 150 километри јужно од градот Ченаи и 10 километри северно од Пондичери. Со површина од само 20 квадратни километри, пред 50 години беше создаден град од пустелија, кој денес претставува прекрасно и пријатно место, исполнето со два милиона дрвја засадени од неговите жители.

Интересно е што ги има 3.000 и никој од жителите не користи пари или автомобили. Наместо тоа, тие се занимаваат со одгледување овошје и зеленчук, самите произведувајќи најголем дел од прехранбените производи, поради што е самоодржлив и независен. Со други зборови, бил основан како одговор на сеприсутните поделби во општеството.
На самиот влез во Оровил се наоѓа Центарот за посетители каде што можете да ги добиете сите потребни информации за овој град. Во него може да се гледаат кратки филмови или изложби, а може да се купат и локални производи. Доколку сакате малку подобро да се запознаете со целиот концепт на ова место, можете и да изнајмите некој од велосипедите и да одите на обиколка на најголемите знаменитости.

Најголемата знаменитост се наоѓа во самиот центар на овој специфичен град - Матримандир, златна сфера која изгледа како топче за голф. Опкружена е со градини и прошарана со долги патеки кои водат од Центарот за посетители до неговиот влез. За Алфаса, оваа зграда е симбол на божествениот одговор на човековата потрага по совршенство. А секој што сака да го посети може тоа да го направи доколку резервира билети, ден однапред.

Градот оригионално бил наменет за 50 илјади жители. Во првите 20 години живееле само околу 400 лица од 20 земји. Во следните 20 години оваа бројка се искачила на 2.000 поединци од 40 земји. Од јануари 2018 година има 2.814 жители (2.127 возрасни и 687 деца) од 54 земји, а две третини се од Индија (1.513), Франција (462) и Германија (260). Заедницата е поделена на населби со тамилски, англиски, француски и санскритски имиња како Aspiration, Arati, La Ferme, Auromodel и Isaiambalam.
Меѓу националностите, според податоците од декември 2021 година, во Оровил живеат и 4 Македонци.
