Непознат сторител вооружен со пиштол ограбил тобако лоцирано на улица Народен фронт во Скопје.
Според информациите на МВР, кражбата се случила вчера во 19 и 50 часот во „Тобако Екстра Кофи“.
„Непознат сторител со закана со пиштол и употреба на физичка сила од вработениот одзел 18.500 денари по што избегал. СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.