Свет

Оружје на иднината: Американските авиони ќе бидат опремени со ласери

27. мај 2015 - 10:02 | Д.П.

Сцените кои обично се поврзуваат со научно-фантастичните филмови - во кои ласерите се главно оружје, секој ден се поблиску до реалноста. Американската воена агенција DARPA објави дека успешно го завршила првиот дел од тестирањето на системите кои еден ден ќе биде дел од дроновите и од борбените авиони.

Целта на програмата базирана на новиот систем HELLADS (High-Energy Liquid Laser Area Defense System) е развивање на борбен систем со ласер од 150 киловати, кој ќе биде околу десет пати помал и полесен од актуелните системи.

Според информациите од DARPA, новото оружје покажало досега невидена сила, а следната фаза на истражувањето, која треба да почне летово ќе биде во здружени сили со Истражувачката лабораторија на Американското воено воздухопловство. Системот тогаш ќе биде тестиран на подвижни мети како ракети, дронови или возила.

Коментирај