Осака го освои US Open, Вилијамс загуби контрола над емоциите

Њујорк, 9 септември 2018 (МИА) - Младата jапонска тенисерка Наоми Осака ја освои првата гренд слем титула во кариерата, откако во финалето на US Open ја победи Серена Вилијамс со 2:0 во сетови.

Иако Осака е 16 години помлада од Вилијамс, во натпреварот влезе многу посмирена од искусната американска ривалка, која имаше шанса да дојде до 24-та гренд слем титула.

Вилијамс лошо го започна натпреварот, направи повеќе грешки и почна нервозно да игра, што и овозможи на јапонската тенисерка лесно да го добие првиот сет со 6:2. Во вториот сет Вилијамс беше подобра и прва направи брејк за водство од 3:1, но јапонската тенисерка веднаш возврати.

Во тие моменти американската тенисерка загуби контрола над емоциите и го искрши рекетот, а по две опомени судијата и одзеде еден поен.

Осака без поголеми проблеми израмни на 3:3 и продолжи успешно да ја користи нервозната игра на Американката за да направи нов брејк. Тогаш Вилијамс повторно загуби контролата, влезе во расправија со судијата, кого го нарече „крадец“, а тој ѝ одзеде цел гем.

Потоа Осака лесно го оствари најголемиот успех во кариерата и ја совлада една од најдобрите тенисерки во светот сo 6:4.

Јапонската тенисерка со освојување на US Open ќе добие и парична награда од 3,8 милиони долари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе