Осака: Не чувствувам задоволство од играта

Њујорк, 1 август 2019 (МИА) – Светскиот рекет број 2, Наоми Осака призна дека последните неколку недели биле најлошите во нејзиниот живот и дека не ужива во играта по освојувањето на Австралија опен во јануари.

Титулата на Јапонката во Мелбурн беше втора последователна од Гренд-слем турнирите по нејзиниот успех на УС Опен, кој ја истрела 21-годишната тенисерка на местото број 1 на ВТА листата. Од тогаш, сепак, таа не успеа да освои турнир, ја загуби првата позиција во рангот и изгуби сензационално во првото коло на Вимблдон од Jулија Путинцева.

Осака на социјалните мрежи објави порака до своите обожаватели, објаснувајќи го колапсот во нејзината форма.

„Кога работите тргнуваат наопаку, јас се обвинувам себеси 100%. Имам тенденција да се исклучувам, бидејќи не сакам да занимавам никого со моите мисли или проблеми“, пишува Осака.

„Неочекувано, во најлошите месеци од животот, доживеав некои од моите најдобри моменти, затоа што запознав многу нови луѓе. Велејќи го ова, искрено можам да кажам дека не уживам во играта по Австралија опен – нешто за што во моментов сум свесна. Научив многу за себе и мислам дека пораснав толку многу како личност минатата година, така што навистина сум возбудена за тоа што носи иднината. Ќе се видиме на подготвителните турнири пред УС Опен“, додава таа.

Осака ќе се обиде да се врати во најдобра форма со турнирот во Торонто следната недела.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе