Осаменоста е поопасна по живот од прекумерната дебелина

Експертите предупредуваат дека осаменоста е посмртоносна од прекумерната дебелина и дека треба да се смета за ризик по јавното здравје, објави New York Post.

Луѓето кои имаат лоши друштвени односи имаат за 50% поголем ризик од предвремена смрт во споредба со оние кои одржуваат здрави врски со луѓето, стои во заклучоците од истражувањето за осаменоста.

Научниците од САД анализирале 218 помали истражувања за здравствените последици од осаменоста и социјалната изолација.

Тие открија дека социјалната изолација го зголемува ризикот од смрт за 50% и дека слабата вклученост во друштвени настани е поопасна по здравјето на луѓето од прекумерната дебелина што го зголемува ризикот од предвремена смрт за 30%.

„Поврзувањето со другите луѓе се смета за една од основните човекови потреби, клучна за добросостојбата и опстанокот на луѓето“, вели доктор Џулиен Холт-Лунстад, главна авторка на истражувањето и професорка по психологија на Универзитетот Бригам Јанг.

Екстремни примери покажуваат дека децата во семејства во кои нема директен контакт со луѓе во надворешна средина многу често не успеваат да остварат социјални контакти и општо многу порано умираат, велат истражувачите.

Се смета дека чувството на осаменост прави луѓето да се чувствуваат физички и психички полошо, а оние кои се осамени имаат и тенденција да трпат потешки симптоми кога се болни во споредба со оние кои не се осамени.

Едно неодамнешно истражување што го спроведе Granset, онлајн страница за дружење за луѓе над 50 години покажа дека речиси три четвртини од постарите луѓе во Велика Британија се осамени, а поголемиот дел од нив никогаш не разговарале со некого за тоа како се чувствуваат.

Исто така, истражувањето покажа дека Британците се најосамените луѓе на светот.

На годишно ниво, осаменоста во Велика Британија чини 26 милиони долари во трошоци поврзани со здравствени последици и боледувања.

Постојат силни докази дека социјалната изолација и осаменоста значително го зголемуваат ризикот од прерана смрт, а процентот на ризик ги надминува сите други големи здравствени ризици“, додава Холт-Лунстад.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе